Македонија Времето утре облачно и студено со врнежи претпладне

Времето утре облачно и студено со врнежи претпладне

Времето утре ќе биде претежно облачно и студено време, а во претпладневните часови се уште ќе има врнежи, особено во јужните делови на Македонија, вели метеоролошката прогноза на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР).

В понеделник ќе настапи преодно стабилизирање, а нов влажен бран со врнежи од дожд и снег се очекува во вторник попладне и в среда.