Македонија Времето умерено облачно со ветер, од утре и снег на планините

Времето умерено облачно со ветер, од утре и снег на планините

Времето денеска ќе биде умерено облачно со умерен, а особено долж Повардарието, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16 Целзиусови степени.

Во Скопје умерено облачно со умерен, а на моменти и засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 12 Целзиусови степени.

Под влијание на студена воздушна маса од север, настапува период на променливо облачно и студено време.
Од утре ќе има услови за локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег, особено во јужните и западните делови од земјава.