Македонија Сончево време, со услови за дожд попладне

Сончево време, со услови за дожд попладне

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево, со мала до умерена облачност, а попладне со локален краткотраен пороен дожд и со грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Утринската температура во земјава ќе биде во интервалот од 14 до 21 Целзиусов степен, а дневната од 30 до 37 степени. Вредноста на УВ-индекс ќе биде 8.

Во Скопје се очекува сончево врее, со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до 19 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне до 35 степени.