Македонија Времето сончево и топло, со температури до 28 степени

Времето сончево и топло, со температури до 28 степени

Според УХМР, времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло, со слаб ветер од северен правец.

Утринските температури се движат од -3 степени во 7 Целзиусови степени, а дневните температури ќе достигнат до 28 степени.

Во Скопје слично време, со утринска температура од 3 степени, а максимална дневна до 24 степени.

Слично време ќе имаме и во текот на утрешниот ден, додека за среда се најавува сончево и посвежо со мала до умерена облачност, а во текот на ноќта ќе има локален дожд.

Месецот ќе го завршиме со претежно облачно и студено време, со повремени врнежи од дожд.