Македонија Времето сончево и топло со мала облачност

Времето сончево и топло со мала облачност

Времето денеска ќе се задржи сончево и топло, со мала до умерена облачност и со појава на краткотраен локален дожд, особено на северот.

Максималната температура ќе достигне од 22 до 30 Целзиусови степепени.

В петок и в сабота ќе дува повремено засилен северен ветер, а претежно во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и повремено засилен северен ветер. Од петок, дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање.

В недела и в понеделник се очекува процесите да бидат поинтензивни, понекаде во форма на невреме и со појава на град, а врнежите ќе бидат пообилни.