Македонија Времето сончево и студено

Времето сончево и студено

Во Македонија денеска ќе биде претежно сончево и студено со мала облачност во јужните делови од земјата и со слаб до умерен северен ветер, поизразен на повисоките места. Температурата ќе биде во интервал од -2 до 5 Целзиусови степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и студено, со слаб до умрен северен ветер. Температурата ќе биде до 3 Целзиусови степени.

За време на новогодишната ноќ, ќе биде ведро и доста студено, а температурата ќе се движи од -11 до -3 Целзиусови степени.