Македонија Времето променливо облачно со сончеви периоди

Времето променливо облачно со сончеви периоди

Во Македонија времето ќе биде променливо облачно, со сончеви периоди и со услови за слаб дожд во одредени подрачја. На планините можен е повремен локален снег. Ќе дува умерен северен ветер.

Температурата ќе се движи од 3 до 13 Целзиусови степени.

Во Скопје и во околината времето ќе биде како во општата прогноза за Македонија, со максимална температура до 9 Целзиусови степени.

Во следните денови, поради спуштање на постудени воздушни маси од север, ќе преовладува променливо облачно време со кратки сончеви периоди и со умерен северен ветер. До вторник ќе има услови за слаб локален дожд, а на некои повисоки места и на планините за слаб снег.