Македонија Времето променливо облачно, со слаб снег на северот и истокот

Времето променливо облачно, со слаб снег на северот и истокот

Во Македонија времето денеска ќе биде променливо облачно, а во северните и источните делови од земјата ќе провејува слаб снег.

Во текот на денот се очекува намалување на облачноста и сончево време со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено во Повардарието и во Пелагонија.

Максималните температури ќе се движат од 0 до 6 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладнето сончево и студено со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а температурата ќе се искачи до 4 Целзиусови степени.

Во текот на неделата што следува ќе биде стабилно, со ниски утрински температури, кои ќе се движат од -9 до -2 Целзиусови степени, додека дневните ќе бидат во постепено покачување.