Македонија Времето повторно жешко денеска

Времето повторно жешко денеска

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура се движеше од 12 до 20 Целзиусови степени, а дневната температура ќе изнесува од 26 до 36 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Дневната температура ќе се искачи до 34 степени.

Во следните денови ќе продолжи периодот на сончево и топло време, со мала до умерена локална облачност.