Македонија Облачно со слаб дожд

Облачно со слаб дожд

Времето денеска во Македонија ќе биде умерено облачно, со сончеви периоди, а во крајните западни и во северозападните предели ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен западен ветер, кој ќе достигне брзина и до 15 километри на час.

Утринската температура ќе се движи од -1 до 7 Целзиусови степени, а максималната дневна температура ќе биде во интервалот од 7 до 16 Целзиусови степени.