Македонија Времето облачно со дожд и повремено засилен ветер

Времето облачно со дожд и повремено засилен ветер

Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, пообилни во вечерните и ноќните часови.

Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер (со брзина и над 60 км/час), кој особено ќе биде изразен долж Повардарието, како и на повисоките места и на планините.

Дневната температура ќе биде во интервал од 15 до 19 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде облачно, а попладне и особено во текот на ноќта, со врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер.
Температурата ќе достигне до 17 Целзиусови степени.