Македонија Oблачно време со повремен дожд

Oблачно време со повремен дожд

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, особено во западните и во северните делови од земјата. Попладне ќе има почести сончеви периоди. Утринската температура ќе се движи од 5 до 11 Целзиусови степени, а дневната од 12 до 19 степени.

Во Скопје се очекува слично време, со умерен, повремено засилен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до осум Целзиусови степени, а дневната ќе достигне 15 степени.