Македонија Ќе биде многу топло, делови од Македонија во портокалова фаза

Ќе биде многу топло, делови од Македонија во портокалова фаза

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, со слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од 10 до 19 Целзиусови степени, а дневната од 33 до 40 степени. УВ-индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје се очекува слично време. Утринската температура ќе достигне до 18 Целзиусови стпени, а дневната 40 степени.

УХМР информира дека Северно-вардарскиот и Охридско-преспанскиот Регион денеска ќе бидат зафатени со температури од портокалова фаза.

Во поголем дел од земјава максималната температура ќе надминува 35 Целзиусови степени, а на места долж Повардарието ќе надмине и 40 степени.