Македонија Времето денеска топло, УВ-индексот 8

Времето денеска топло, УВ-индексот 8

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Кон крајот на денот во северозападните делови ќе има услови за краткотраен дожд.

Температурата ќе се движи од 27 до 38 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје слично време со температура до 36 Целзиусови степени.

Во понеделник и вторник ќе преовладува променливо облачно време, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи, а дневната температура ќе биде во опаѓање. Од среда условите за попладневна нестабилност ќе се намалат.