Македонија Времето денеска топло со мала облачност

Времето денеска топло со мала облачност

Во Македонија денеска ќе преовладува сончево и топло време, со мала облачност и со слаб до умерен северен ветер, со температура повисока од вчерашната. УВ-индексот ќе изнесува 9, вели прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Облачност ќе има претежно во североисточниот дел на земјава, а речиси на сета територија ќе преовладува сончево време. Максималната температура ќе се движи до 25 Целзиусови степени на крајниот запад на земјата, 28 степени во Охридско-струшкиот Регион, 30 степени во Пелагонија, 33 Целзиусови степени во Скопје и во поголем дел од Повардарието, додека во Гевгелиско-дојранскиот Регион живата во термометрите ќе се искачи најмногу до 34 степени.

Во Кривопаланечко, Пијанец и во Малешевијата макцималната температура ќе достигне 29 Целзиусови степени, а 27 степени во Беровско.

Утре времето до пладне ќе биде исто како денеска, а од попладнето ќе се дестабилизира и ќе има услови за силни врнежи од дожд и за грмежи, вели прогнозата на УХМР.