Македонија Времето денеска суво и потопло

Времето денеска суво и потопло

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне во источните делови од земјата со услови за појава на слаб дожд, а околу пладне со повеќе сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 14 Целзиусови степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, со слаб, претежно јужен ветер. Дневната температура ќе достигне 12 Целзиусови степени.