Македонија Времето денеска студено, но ведро

Времето денеска студено, но ведро

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во југоисточните делови претпладне ќе има повремени слаби врнежи од дожд и од снег. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од североисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7 Целзиусови степени.

Во Скопје се очекува променливо облачно време, со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Дневната температура ќе достигне до 6 Целзиусови степени.