Македонија Сончево и ветровито

Сончево и ветровито

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево, со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој на моменти ќе достигнува брзина и до 70 километри на час.

Утринската температура ќе се движи од -3 до 3 Целзиусови степени, а дневната од 7 до 14 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 1 Целзиусов степен, а дневната ќе се искачи до 12 степени.