Македонија Времето денеска сончево со услови за локален дожд

Времето денеска сончево со услови за локален дожд

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне се очекува зголемување на облачноста и појава на локален дожд претежно во западните и југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од 9 до 15 Целзиусови степени, а дневната од 24 до 32 Целзиусови степени.

Во Скопје претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе има краткотрајни услови за појава на дожд.