Македонија Времето денеска сончево, со температура до 35 степени

Времето денеска сончево, со температура до 35 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен правец.

Дневната температура ќе се движи од 27 до 35 Целзиусови степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала облачност. Температурата ќе се движи во интервалот од 15 до 34 Целзиусови степени.

Периодот на стабилно, сончево, суво и топло време ќе продолжи и во наредните денови од работната недела, со благо покачување на дневната температура.