Македонија Времето денеска сончево со температура до 30 степени

Времето денеска сончево со температура до 30 степени

Времето во Македонија ќе биде сончево и малку потопло, со слаб претежно јужен ветер. Утринската температура ќе се движи од нула до 10 Целзиусови степени, а дневната од 23 до 30 степени.

Во Скопје се очекува слично време. Утринската температура ќе се спушти до 7 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 27 степени.