Македонија Времето денеска сончево со температура до 18 степени

Времето денеска сончево со температура до 18 степени

Времето денеска ќе биде сончево, со мала до умерена облачност и со умерен северен ветер долж Повардарието и во источните делови од земјава.

Минималната температура ќе се движи од минус 2 до 5 Целзиусови степени, а максималната од 11 до 18 Целзиусови степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе се движи околу нулата, а максималната ќе достигне 14 Целзиусови степени.