Македонија Времето денеска сончево и топло

Времето денеска сончево и топло

Денеска во Македонија ќе биде сончево и топло. Утринската температура ќе достигне до 8 степени, а максималната дневна температура на некои места ќе достигне и до 22 Целзиусови степени. Исто време нè очекува за време на викендот.

В сабота и в недела ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло.

В понеделник ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и топло. Минималната температура ќе се движи од 2 до 11 Целзисуви степени, а максималната – во интервал од 12 до 21 Целзиусов степен.