Македонија Времето денеска сончево и топло, со температура до 37 степени

Времето денеска сончево и топло, со температура до 37 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен и североисточен правец.

Дневната температура во земјава ќе се движи од 28 до 37 Целзиусови степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло, а температурата ќе се движи во интервалот од 15 до 34 Целзиусови степени.

И во наредните денови во Македонија ќе преовладува со сончево, суво и топло време, со температура до 38 степени. Зголемена облачност се очекува за време на наредниот викенд.