Македонија Времето денеска сончево и топло

Времето денеска сончево и топло

Во Македонија денеска, во утринските и во претпладневните часови, ќе биде претежно сончево со локална облачност. Попладне ќе има целосно разведрување и ќе биде сончево и топло.

Ќе дува слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува слаб североисточен ветер. Минималната температура ќе се движи од -2 Целзиусови степени во Лазарополе до 8 степени во Гевгелија, а максималната ќе биде во интервалот од 12 до 22 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде претежно сончево, со локална облачност и топло. Се очекува слаб северозападен ветер. Утринската температура ќе изнесува 5 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне 19 Целзиусови степени.