Македонија Времето денеска сончево и посвежо

Времето денеска сончево и посвежо

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. УВ-индексот ќе изнесува 7.

Температурата ќе се движи од 18 до 28 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.

Температурата ќе достигне до 24 Целзиусови степени.