Македонија Денеска температура до 40 степени и УВ-индекс 9

Денеска температура до 40 степени и УВ-индекс 9

Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 22 Целзиусови степени, а дневната од 30 до 40 степени.

Во Скопје се очекува слично време, сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се спушти до 17 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 39 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 9.