Македонија Времето денеска дождливо, со снег на повисоките места

Времето денеска дождливо, со снег на повисоките места

Времето во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради спуштање на многу студена воздушна маса од север, ќе дува засилен северен ветер, а во попладневните часови врнежите и на некои повисоки места ќе поминуваат во снег.

Ќе се формира снежна покривка, особено на планините во западните делови. Температурата ќе се движи од 2 до 10 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Температурата ќе достигне до 5 Целзиусови степени.