Македонија Времето денеска со дожд и снег

Времето денеска со дожд и снег

Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Повеќе врнежи ќе има во западните делови и во вечерните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од источен правец.

Температурите ќе бидат над нулата и ќе достигнат до 10 степени на југоистокот на земјава.

Утре и задутре долж Повардарието ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер, а од задутре максималните температури ќе бидат во пораст.

Што се однесува до патиштата, поради појава на магла во Страцин видливоста е намалена од 80 до 100 метри. Сообраќајот на државните патишта се одвивa без забрани, застои и ограничувања по претежно влажни коловози.