Македонија Времето денеска дождливо и посвежо

Времето денеска дождливо и посвежо

Времето ќе биде претежно облачно, со повремени врнежи од дожд. На некои места, врнежите ќе бидат обилни, проследени со грмежи и со засилен ветер, а локално во форма на невреме, со електрични празнења.

Се очекува да наврнат повеќе од 30 литри на еден квадратен метар, особено во западните и во југозападните делови на Македонија. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се спушти од 12 до 19 Целзиусови степени, а највисоката дневна ќе се искачи до 22 степени.

Во Скопје се очекува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, повремено ќе бидат проследени со грмежи.

Утринската температура ќе се спушти до 17 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне само до 20 степени.