Македонија Времето денеска претежно сончево, со температура до 35 степени

Времето денеска претежно сончево, со температура до 35 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност, а ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во попладневните часови е можна појава на локален краткотраен дожд и на грмежи.

Утринската температура се движи од 9 до 17 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне од 28 до 35 степени.

Слично време се очекува и во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од јужен правец.

Максималната дневна температура ќе достигне 33 Целзиусови степени.