Македонија Времето денеска повремено облачно

Времето денеска повремено облачно

Променливо облачно со сончеви периоди и со слаб северен ветер ќе биде времето денеска во Македонија. Во крајните источни делови можна е изолирана појава на краткотраен дожд.

Утринската температура ќе се движи од -3 до 3, а дневната од 6 до 13 Целзиусови степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе се искачи до 11 Целзиусови степени.