Македонија Времето денеска облачно со слаб локален снег

Времето денеска облачно со слаб локален снег

Времето денеска ќе биде облачно, а во северните делови ќе има услови за слаб дожд и за снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од 4 до 12 Целзиусови степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, претпладне со услови за повремен слаб дожд и за снег. Попладне ќе има намалување на облачноста. Температурата ќе достигне до околу 8 Целзиусови степени.

Негативна температура утрово е измерена во сите региони во Македонија. Во наредните денови ќе преовладува стабилно и потопло време.