Македонија Времето денеска облачно, со повремен дожд

Времето денеска облачно, со повремен дожд

Во Македонија денеска ќе биде сончево, со умерена облачност. Кон крајот на денот, во источните и во југоисточните делови ќе има зголемување на облачноста и услови за слаб дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен и од источен правец. Утринската температура ќе се движи од -2 до 4 Целзиусови степени, а дневната од 10 до 16 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево, со умерена облачност и со слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 1 Целзиусов степен, а дневната ќе достигне 15 степени.