Македонија Времето денеска облачно со повремен дожд

Времето денеска облачно со повремен дожд

Времето во Македонија денеска ќе биде умерено до значително облачно, со повремени врнежи од дожд, a на некои повисоки места и на планините со повремен снег. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од -2 до 4 Целзиусови степени, а дневната од 4 до 10 степени.

Во Скопје времето ќе биде умерено до значително облачно, со повремен дожд и со слаб североисточен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до 3 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 9 Целзиусови степени.

Во петок ќе преовладува променливо облачно и посвежо време.