Македонија Времето денеска облачно и потопло

Времето денеска облачно и потопло

Во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Локално ќе има слаби врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините слаб снег. Ќе дува слаб ветер од северен правец.

Температурата ќе се движи од 4 до 11 Целзиусови степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно, со слаб северозападен ветер. Температурата ќе достигне до 8 Целзиусови степени.