Македонија Времето денеска сончево со умерена облачност

Времето денеска сончево со умерена облачност

Во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне во западните делови ќе има краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе биде во интервал од 13 до 21 Целзиусови степени, а дневната од 31 до 38 степени.

Во Скопје ќе биде сончево, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се спушти до 21 Целзиусов степен, а дневната ќе достигне до 37 степени.