Македонија Времето денеска сончево со температура до 29 степени

Времето денеска сончево со температура до 29 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен и од западен правец на повисоките места и на планините.

Попладне во северниот дел од земјата ќе има краткотраен пороен дожд со грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 6 до 12 Целзиусови степени, а дневната од 22 до 29 степени.

Во Скопје претпладнето ќе биде сончево со умерена облачност, а во попладневните часови ќе има услови за краткотраен дожд.

Утринската температура ќе се спушти до 10 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне до 25 степени.