Македонија Времен сообраќаен режим на улица Бихаќка

Времен сообраќаен режим на улица Бихаќка

Градот Скопје информира дека утре 29 октомври, поради завршно асфалтирање на улица Бихаќка, сообраќајот ќе биде затворен во двете насоки на еден дел од улицата Бихаќќа, и тоа на потегот од улица Востаничка до влезната капија на МВР.

„Асфалтирањето ќе трае 24 часа, а сообраќајот ќе биде пренасочен по околните улици. Град Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат трпеливи и да ја почитуваат поставената сигнализација, како и да ја приспособат својата брзина на движење според условите на патот“, информираат од Град Скопје.