Македонија Привремен режим за тешки товарни возила на Скопје-Охрид-Скопје

Привремен режим за тешки товарни возила на Скопје-Охрид-Скопје

АМСМ соопшти дека од денеска почнува примената на привремениот режим на сообраќај за тешки товарни возила во викендите од летниот период на магистралниот пат А2, делница Скопје- Охрид- Скопје.

Забраната се однесува на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони. Режимот ќе трае до 1 септември.

Забраната ќе се однесува за време на викендите, односно во петок од 15 до 22 часот, во сабота од 7 до 12 и од 18 до 24 часот и во недела од 7 до 22 часот.