Македонија Вратени камионите на македонските транспортери кои беа запленети во Украина

Вратени камионите на македонските транспортери кои беа запленети во Украина

Фото: Мета.мк

На македонските транспортери, кои заглавија на Украинско-полската граница, им се вратени камионите и стоката која ја превезувале. Камионите, како што информира Министерството за надворешни работи, претходно беа запленети од украинските власти.

„Ја информираме јавноста дека по многубројните активности преземени од страна на Министерството за надворешни работи и нашите амбасади во Полска и Украина, како и благодарение на соработката од страна на украинските надлежни институции, на транспортерите на камиони на граничниот премин меѓу Украина и Полска – „Јагодине“ им беа вратени камионите и превезуваната роба, што претходно беа запленети од страна на украинските локални власти“, се вели во соопштението на МНР.