Македонија Вработени во токсикологија: в.д. директорката го зголеми долгот и доаѓа по четири...

Вработени во токсикологија: в.д. директорката го зголеми долгот и доаѓа по четири часови на работа

Дополнително, в.д. директорката на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази наводно нема потпишано договори на дело за двајца биолози, поради што токсиколошката лабораторија веќе два месеца не врши валидација на издадените резултати

Фото: Мета.мк

Според писмо од вработените на ЈЗУ Клиниката за токсикологија, новоназначената в.д. директорка на клиниката Бесија Иљази доаѓа само по четири и пол часови на работа и долгот на клиниката го зголемила за 2 милиони денари.

Иљази беше назначена пред два месеци, само ден пред формирањето на техничката влада.

Дополнително, вработените од клиниката посочуваат дека клиниката и нејзината опрема веќе два месеца не е осигурана, иако постои законска обврска за истото. Според вработените, ова се должи на тоа што не е прифатен брокерот кој Иљази го преферира.

„Поради одбивање да потпише согласност за договор на дело за двајца дипломирани биолози, токсиколошката лабораторија веќе два месеца не врши валидација на издадените резултати“, додаваат вработените на кликната за токсикологија во своето писмо, испратено до медиумите.