Економија Вработените во МЖ „Транспорт“ бараат плата до четврток

Вработените во МЖ „Транспорт“ бараат плата до четврток

Независниот синдикат на машиновозачите и железничарите на Македонија, Синдикалната организација на вработените на подружница влеча на возови, Синдикалната организација СММ и Синдикалната организација на МЖ „Транспорт“ АД Скопје се приклучуваат кон најавата за прекин на работните обврски, доколку не се исполнат барањата за исплата на плата и материјални трошоци и здравствено осигурување.

Ваквата одлука, како што соопштуваат денеска, е донесена на состанок одржан вчера. Во соопштението наведуваат дека во овие синдикални организации членуваат 90 отсто од вработените во МЖ „Транспорт“.

Вчера, исто така, прекин на работните обврски најавија и членовите на Независниот машински и извршен персонал.

Тие побараа до четврток да биде исплатена платата и материјалните трошоци за октомври, доколку не се исполни барањето од петок наутро нема да ги извршуваат работните обврски.