Економија Вработените во „Југохром“ в четврток повторно ќе го блокираат патот Тетово –...

Вработените во „Југохром“ в четврток повторно ќе го блокираат патот Тетово – Скопје

Синдикатот на „Југохром“ в четврток ќе организира нов протест поради, како што велат од синдикалната организација, неоправданото исклучување на печките на фабриката.

Вработените во „Југохром“ ќе го блокираат регионалниот пат Тетово – Скопје, кај наплатната рампа Желино, во двата правци, а за време на протестот ќе ги соопштат своите барања.

„Југохром“ престана со работа на 31 октомври минатата година, откако инспекторатот за животна средина донесе одлука фабриката да ги згасне печките поради пробивањето на рокот за изградба на пречистителна станица.