Економија Вработените во „Актор“ штрајкуваат бидејќи не зеле плата

Вработените во „Актор“ штрајкуваат бидејќи не зеле плата

Стотината вработени во грчката фирма „Актор“, која работи на изградба на автопатот Демир Капија – Смоквица, штрајкуваат бидејќи не зеле плата два месеци, јавува телевизија „Телма“.

Грчката градежна фирма во 2012 година го доби тендерот за изградба на 28-километарската делница.

Името на „Актор“ стана актуелно во македонските медиуми пред две години, кога опозицискиот СДСМ обвини дека од македонски банкарски сметки на грчката фирма незаконски биле извлечени 3,5 милиони евра. Обвинителството не отвори истрага, иако велеше дека ќе обезбедува докази.