Свет Вработен во „Твитер“ го деактивирал профилот на Трамп

Вработен во „Твитер“ го деактивирал профилот на Трамп

Твитер-профилот на претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера на кратко исчезна од оваа социјална мрежа, но повторно е обновен, соопштија од „Твитер“.

Профилот бил неактивен 11 минути, а „Твитер“ во моментов ги истражува деталите.

Како што е наведено, профилот @realdonaldtrump бил „деактивиран“ од вработен во „Твитер“, поради што тоа му бил последен ден на работа.

Трамп, кој е активен корисник на „Твитер“ со 41,7 милиони приврзаници, засега не го коментира инцидентот.