Главна секција Возачот на комбето од Италија сигнализирал дека има симптоми на корона вирус

Возачот на комбето од Италија сигнализирал дека има симптоми на корона вирус

Фото: Арбнора Мемети

Возачот на комбето кој превезувал патници, а во кое беше пациентката со корона вирус, денеска сигнализирал дека има кашлица и болки во градите, по што е спроведен е во соба за изолација во Струмица, информира на прес-конференција министерот за здравство, Венко Филипче.

– Земени се материјали за анализа и тие во следните часови ќе бидат изработени. Тој уште првично е сам дома, немал конктакти со семејството. Човекот сам се пријавил на еден од телефоните на епидемилолозите во Институтот за јавно здравје, веднаш беше контактиран од колегите во струмичкиот Центар за јавно здравје. Немал контакти со членови на семејството. Сега, после неговото јавување, транспортиран е во изолиран оддел во Струмица – рече Филипче.

Тој повтори дека по средбата со Комисијата за заразни болести, денеска Владата го прифати прелогот организаторите на јавни собири да ги откажат до 6 март.

– Се откажува струмичкиот карневал, карневалот прочка во Прилеп, а има одлука спортските натпревари да се одржуваат без публика. Ова се потенцира посебно зашто очекуваме на тие настани да има многу луѓе од регионот на Северна Италија кои таму работат, а сега се дојдени тука. Во овој момент нема ниедна епидемиолошка причина да се воведе генерална забрана – рече министерот.

По наодите за драстично зголемени цени на сите заштитни материјали по аптеките, деновиве ќе започне контрола на економските оператори. Можно е да одговараат оние кои со цел да профитираат, драстично ги зголемиле цените на заштитните маски, антибактериските гелови и останатите материјали за превентива.

– Нема простор за паника, ги преземаме сите мерки, епидемиолозите будно ја следат ситуацијата и во секој момент сме подготвени да воведеме нешто друго ако е потребно – рече Филипче.