Хроника Возач на амбулантно возило „итно превезувал“ вотка и ликер!

Возач на амбулантно возило „итно превезувал“ вотка и ликер!

Пратката била запленета на граничниот премин Ќафасан

Возач на амбулантно возило со албански регистарски таблички, управувано од албански државјанин, наместо да превезува пациенти до медицинските установи, се обидел да прошверцува две картонски кутии, секоја со шест шишиња водка „смирноф“ и ликер „јегермајстер“.

Забранетата пратка, цариниците од граничниот премин Ќафасан, кај Струга, му ја откриле при извршената контрола, зад совозачкото седиште, прекриенa со црна најлонска кеса.

На прашање на царинските службеници што има да пријави, возачот изјавил дека нема ништо особено за пријавување, бидејќи „носел пациенти во болница во Струга“.