Хроника Воз усмртил маж во Миравци

Воз усмртил маж во Миравци

Вчера, во 10.25 часот, во полициска станица Гевгелија, граѓанин пријавил дека во атарот на село Миравци, кај месноста Вирот, во непосредна близина на железничката пруга, забележал машки труп.

На местото увид извршиле јавен обвинител и екипа од Полициската станица Гевгелија, а од екипа на Итна медицинска помош констатирана е смрт која настанала како последица од удар во пределот на главата, нанесен од воз.

Кај починатото лице не се пронајдени документи за идентификација и се претпоставува дека најверојатно се работи за странски државјанин. Со наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција.