Дописници Воз усмрти возач на трактор во Тетовско

Воз усмрти возач на трактор во Тетовско

Во сообраќајна несреќа во која учествувале патнички воз и трактор загина 73 годишен жител од село Камењане, кој го управувал тракторот. Сообраќајката се случила вчера околу 18 часот на железничката пруга Тетово – Гостивар, на див премин во близина на клучката за Камењане.

Од силниот удар возачот на тракторот добил тешки телесни повреди, од кои починал на самото место.

Извршен е увид од јавен обвинител, лекар по судска медицина и екипа од полициската станица Тетово.

По наредба на јавниот обвинител, безживотното тело на 73-годишниот жител на Камењане му е предадено на семејството за погребување. Се работи на утврдување на причината за несреќата.